Лазаров го скрати списокот за баражот со Фарските Острови!

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров го објави скратениот список за бараж натпреварите против Фарските Острови за пласман на Светското првенство.

Лазаров за овој клучен двомеч ќе смета на 20 ракометари, а на списокот се и седум резерви. Меѓу повиканите има тројца интернационалци, Никола Митревски (Порто), Филип Талески (Бенфика) и Никола Костески (Плзен).

Собирот на ракометарите е закажан за 3. мај. Првиот натпревар со Фарските Острови го играме на 8. мај во Торшавн, реваншот е на 12. мај во Скопје.