Следната дестинација за Гринвуд е - Серија А!?

„Газета дело Спорт“ пишува дека фудбалерот на Манчестер јунајтед кој оваа сезона игра како позајмен во Хетафе би можел да биде ново засилување на Јувентус.

Јувентус сака да ја засили офанзивата на лето, а според италијанските медиуми високо на листата за потенцијални засилувања котира Мејсон Гринвуд.

Тој не е популарен во Манчестер откако ја претепа неговата девојка. Беше ослободен од судот, но само затоа што беше повлечена тужбата.

Навивачите на Јунајтед не го сакаат, па клубот го пушти на позајмица во Хетафе каде се покажа во одлично светло и го привлече вниманието на гигантите.

Јувентус верува дека може да го купи Гринвуд за помала сума од вистинската вредност на англискиот фудбалер.