Ливерпул со Арне Слот почна да ги крои и трансфер плановите, една позиција е приоритет!

Арне Слот ќе биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, останува неговиот ангажман само уште официјално да биде потврден, во меѓувреме клубот со новиот стратег разговара и за трансфер целите во летниот преоден рок.

Ливерпул и Феенорд си подадоа рака за трансфер на тренерот Арне Слот иако клубовите уште немаат официјално објавено.

Ливерпул и Слот веќе разговараат и за нови засилување, а приоритет е да се купи играч на централната бековска позиција.

Неизвесна е идната на Вирџил ван Дајк. Слот сака да го задржи неговиот сонародник, но и ако тој остане, ќе биде купен квалитетен дефанзивец.