Ѓоковиќ тајно бил примен на Ургентниот центар во Белград!

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ утрово отишол на преглед во Ургентниот центар во Белград, јавуваат дел од српските медиуми.

Тој бил однесен во болница со цел да му биде извршен преглед на главата. Ѓоковиќ бил расположен и се фотографирал со вработените.

Тенисерот се жалел на болки во главата кои траат од моментот кога ненамерно беше удрен со шише на турнирот во Рим.

Ден по ударот Ѓоковиќ доживеа тежок пораз од Алехандро Табил, по што се врати во Белград.

Следен предизвик на Ѓоковиќ е настапот на Ролан Гарос во Париз каде ќе ја брани титулата.