„Јувентус нема да биде фер ако му даде отказ на Алегри“

Менторот на Алегри и негов близок пријател, поранешниот тренер Џовани Галеоне потврди дека Масимо нема намера сам да си даде оставка од Јувентус, а клубот нема да биде фер ако го избрка.

Се очекува Јувентус да му врачи отказ на Алегри по крајот на оваа сезона и да назначи нов тренер за следната.

Актуелниот договор на Алегри со Јувентус е до јуни 2025 и тој нема намера сам да си замине, тоа значи дека клубот ќе треба да му исплати и обесштетување.

„Алегри ги оствари сите цели кој му ги даде клубот и неговиот договор истекува во 2025 година. Зошто би си заминал сам. Доколку клубот му даде отказ тој тоа нема да го прифати добро. Не би било фер да добие отказ ако се пласира во Лигата на шампионите и го освои Купот на Италија“, вели Галеоне.

„Кога Јувентус му даде отказ на Алегри во 2019 година, тие сменија двајца тренери за две години. Клупата на Јувентус не е за секого. Има шпекулации за Тијаго Мота дека ќе пристигне, но Јувентус е друг свет“.