Кошаркар на Минесота си го повреди тренерот на дуелот со Феникс (ВИДЕО)

Минесота Тимбервулвс го елиминираа Феникс санс од плејофот во НБА-лигата, а нивниот последен меч го одбележа бизарната повреда на тренерот Крис Финч.

Финч заработи повреда на коленото откако во него удри кошаркарот Мајк Конли по еден дуел со ривалот.

Медицинските прегледи покажале дека рехабилитацијата на Финч би можела да трае до шест месеци.