Ѓоковиќ и кога не игра подобрува рекорди - така ќе биде уште најмалку две недели!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ја почна 423. недела на врвот на АТП листата, а таму ќе остане најмалку и наредните две недели без разлика тоа што во моментов не игра на мастерсот во Мадрид.

Дури од резултатот на Ролан Гарос ќе зависи дали ќе остане на првото место или ќе го загуби.

Српскиот тенисер претходната недела остана без 45 поени кои минатата година ги освои во Бања Лука, а но тоа не му ја намали доминацијата на АТП Листата.

Новак во Рим ќе брани 180 поени, што значи дека таму ќе може и да ги зголеми бодовите.

Втор на листата е Јаник Синер со 8.660 бодови, а трет е Карлос Алкараз со 8.145 бодови.

Синер ако го освои турнирот во Мадрид, ќе му се доближи на Ѓоковиќ, тогаш бил имал 9.660. Новак во моментов има 9.990.