Загреб и Монпелје одиграа реми, патникот во четвртфиналето ќе се решава во Франција!

Во крајно неизвесен меч со возбудлива завршница, Загреб и Монпелје одиграа нерешено 27-27 во првиот осминафинален натпревар.

Натпреварот почна неефикасно, Монпелје отвори подобро, имаше водство од 4-1, Загрев вториот погодок го постигна дури во 16. минута од мечот. Францискиот тим на одморот замина со водство од 13-11.

Второто полувреме Загреб го почна со серија од 3-0, го сврте резултатот и поведе со 14-13, но Монпелје брзо ја врати предноста. Се влезе во крајно неизвесен финиш во кој на крајот сепак немаше победник, конечниот резултат беше 27-27.

Кос беше најдобар во составот на Загреб, постигна пет голови, толку даде и Чупиќ но сите од пенал, Дибиров постигна еден гол. Во составот на Монпелје најефикасен беше поранешниот вардарец, Сташ Скубе со шест голови, одличен беше и Симоне со пет погодоци.