Падна договор, Обрадовиќ уште две години ќе биде тренер на Партизан!

Српските медиуми тврдат дека Жељко Обрадовиќ ќе продолжи да биде тренер на Партизан, тој ќе стави потпис на нов двегодишен договор со црно-белите.

Оваа информација се очекува денеска и официјално да биде соопштена на прес-конференција која е закажана за 15 часот.

Продолжувањето на договорот меѓу Партизан и Обрадовиќ беше главна тема во изминатиот период, на радост на фановите на белградскиот тим, најтрофејниот тренер ќе остане на кормилото на тимот.

Обрадовиќ во Партизан се врати во 2021 година, се очекува таму да остане најмалку до 2026.