Барселона тоне во долгови, ама нема да го продаде Јамал ниту за - 200 милиони евра!

Чудото од дете Ламине Јамал оваа сезона воодушеви со настапите за Барселона, па за него интерес покажа ПСЖ кој е подготвен да плати дури 200 милиони евра.

Парижаните активно бараат засилувања по најавата дека Килијан Мбапе ќе замине од „Паркот на принцовите“ и сметаа дека со 200 милиони евра ќе ја натераат Барселона да го продаде Јамал, но тоа нема да се случи, иако каталонскиот тим има финансиски проблеми.

Јамал има клаузула од милијарда евра во неговиот договор, но нереално е некој да исплати толку многу пари за талентираниот фудбалер.