Веспрем го растури ПИК Сегед во унгарското дерби и направи голем чекор кон четвртфинале во ЛШ!

Веспрем со победа од седум гола разлика се враќа од Сегедин каде го совлада ривалот со 37-30 и на домашен терен само ќе треба да го завери местото во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Веспрем тргна фуриозно уште од самиот старт на натпреварот, поведе со 4-0, имаше водство и од 10-4. ПИК Сегед успеа да намали дел од негативата и на одморот се замина со водство на гостите од 20-17.

Но, во вториот дел беше слично, Веспрем беше подобриот тим, се одлепуваше, а ПИК Сегед најмногу што правеше е да дојде до три негатива. На крајот мечот заврши 37-30 за гостите.

Деска и Ваилупау со по седум голови беа најпрецизни во составот на Веспрем, Фримел со шест голови беше најефикасниот кај ПИК Сегед.

Веспрем на свој терен треба да го завери пласманот во четвртфиналето, а таму ќе го чека тимот на Алборг.