
Тежок пораз на младите пелистерци од ГОГ во полуфиналето од ЛШ!
Пораз од 15 голови разлика на Пелистер кој во Келн отпатува со голем ентузијазам и желба за докажување. Ништо од финале, а сликата од денешниот натпревар ќе мора да се поправи во борбата за третото место.
Битолчани беа рамноправни во првите десетина минути, потоа противникот почна да се одлепува. На полувремето ГОГ водеше со 17-12.
Вториот дел беше уште полош за Пелистер, противникот немаше милост за македонскиот тим и до врв ја наполни мрежата, конечниот резултат гласеше 36-21 за ГОГ.
Најефикасни во составот на Пелистер беа Алем Хаџиќ и Карло Буторац со по четири постигнати голови.
Утре со почеток од 9 часот наутро, Пелистер ќе игра во мечот за третото место со поразениот од дуелот меѓу Барселона и Веспрем.