Стоилов: Апел до навивачите, ние сме европски првак и заслужуваме поддршка!

В сабота ќе се судрат еден против друг двајца големи пријатели од црвено-жолтиот дрес, Кире Лазаров против Стојанче Стоилов, но вториов ќе биде домаќин и миленик на публиката. Во таа насока, капитенот на Вардар специјално се обрати до навивачите да дојдат и да го бодрат шампионот на Европа.

Стоилов не зборуваше многу за тактики и за играта, но затоа пренесе дека играчите се чувствуваат одлично и дека во ведро расположение ја чекаат средбата со Нант.

„Досега сезоната се одвива како што посакуваме, победивме на сите натпревари како и на гостувањето во Висла. Атмосферата е одлична. Сега нѐ чека натпревар со Нант,че биде доста тежок, но ние сме шампиони и треба да се однесуваме како шампиони затоа ќе одиме на победа. Еден апел до публиката, до нашите навивачи, Вардар е европски првак и заслужува поддршка од трибините“, беше краток Стоилов.

Комити полека почнаа да се враќаат на натпреварите на РК Вардар, но сѐ уште ја нема сликата од првата сезона во „Јане Сандански“, од натпреварите со Рајн-Некар, со Барселона, со Кјелце...