Кимих: Анчелоти не беше многу успешен во Баерн, но не ме чуди тоа што го прави во Реал!

Во вторник се игра првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите, Баерн Минхен го пречекува Реал Мадрид, пред дуелот Џошуа Кимих зборуваше за Карло Анчелоти.

За Карло Анчелоти тоа ќе биде меч против својот поранешен клуб, тој таму работеше една сезона, тоа беше 2016-2017. Италијанецот во баварскиот тим немаше ни приближно успех како во Реал Мадрид иако ја освои Бундеслигата.

„Не сум изненаден од успехот на Анчелоти. За жал со нас тој не беше најуспешен, но го знам како тренер и знам дека нивниот тим има многу индивидуални квалитети и голем менталитет, па можеби тој е перфектен за нив“, рече Кимих кој беше трениран од Италијанецот во Баерн.