Анчелоти: Крос може да ја освои Златната топка само ако освои Европско и ЛШ!
Италијанскиот стратег смета дека ако Германецот ги освои Европското првенство и Лигата на шампиони ќе има шанси да дојде до големото признание.
„Би сакал Тони Крос да ја добие Златната топка, но не мислам дека ќе ја добие. Сепак, сѐ може да се случи“, вели Анчелоти.
„Има Европско ова лето, доколку ја освои Лигата на шампионите и Европското со Германија, ќе може да се бори за Златната топка“.