Јокиќ ја доби МВП наградата, ама хит се маичките на соиграчите (ВИДЕО)
Тоа беше прв меч во Денвер откако Србинот беше прогласен за МВП, па моментот беше искористен за да се одржи свеченоста. Наградата на Јокиќ му ја врати комесарот на НБА, Адам Силвер, а воодушевија соиграчите на Јокиќ. На загревање тие излегоа со специјално дизајнирани маички во чест на новиот МВП на кои, на предниот дел беше поставена фотографијата од детските денови на Јокиќ на која е тој во џемпер од Денвер Нагетс со натпис: „Се сеќавате ли кога ми се смеевте?“.
За Јокиќ ова е трето признание во кариерата, а ќе се обиде на Денвер да му ја донесе втората шампионска титула.