Алегри заминува од Јувентус, на негово место доаѓа тренер кој е хит оваа сезона!

Јувентус и Масимо Алегри ќе се разделат по крајот на сезоната, торинскиот гигант веќе го договара неговиот наследник, а тоа е Тијаго Мота.

Алегри ја оствари основната цел да го однесе Јувентус во Лигата на шампионите, а ќе игра и финале од Купот на Италија каде што може да освои трофеј.

Но, раководството и фановите не се задоволни од дефанзивниот стил на Алегри и големите осцилации во текот на сезоната.

Откако ќе заврши сезоната ќе следува разделба меѓу двете страни, а прв пик за наследник на Алегри и Тијаго Мота.

Мота е вистински хит оваа сезона, не само во Италија туку и воопшто. Со Болоња успеа да дојде до четвртата позиција и ќе ја пласира во Лигата на шампионите, успех кој беше тотално неочекуван и од раководството на овој клуб.

Тијаго Мота ги надмина сите очекувања оваа сезона, па почна да се поврзува со повеќе гиганти. Сепак, Јувентус бил најконкретен, направени се привчните разговори, а новинарот Џанлука Ди Марцио очекува дека ќе падне договор и тој ќе биде новиот тренер на бјанконерите во следната сезона.