Болен пораз за Ланс на „Велодром“, Марсеј се приклучи во трката за Европа

Олимпик Марсеј го доби големото дерби против Ланс со 2-1 на „Велодром“ и така се вклучи во трката за позициите кои водат во европските купови следната сезона.

Обамејанг на стартот на натпреварот ги шокира гостите и донесе водство за Марсеј, по што Ланс израмни преку Саид дури во 77. минута од средбата.

Надежта на Ланс дека може до целосен пресврт згасна во 85. минута кога Геј погоди за триумф од 2-1 на Марсеј.