Димитриевски бил најдобар голман во 35. коло од Ла Лига (ФОТО)

Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски одигра неверојатен натпревар против Валенсија (0-0) и ја сочува својата мрежа со што му обезбед бод на Рајо Валјекано, а тоа му донесе и место во тимот на колото на Ла Лига.

Димитриевски имаше пет одбрани против „лилјаците“ и доби оценка - 8, па го заслужи своето место во идеалниот тим во Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец има договор со Рајо Валјекано до крајот на сезоната, а веќе почнаа шпекулации за неговата иднина, па се поврзува со Валенсија, но и уште неколку други тимови.