Брансон блесна со 47 поени во Филаделфија и донесе брејк на Њујорк (ВИДЕО)

Њујорк Никс славеше против Филаделфија севентисиксерс со 97-92 и поведе со 3-1 во плејоф-серијата, односно ги дели еден триумф до пласман во полуфинале во Источната конференција.

Џејлен Брансон имаше неверојатна ноќ и постигна 47 поени во кошот на Филаделфија, а имаше и 10 асистенции и четири скокови.

Во поразот на Филаделфија најдобри беа Ембид и Макси кои заедно постигнаа вкупно 50 поени.