Пелистер ѝ објави „војна“ на РФМ: Ќе ги известиме меѓународните ракометни институции!
Полуфиналните натпревари ќе се играат во различни денови, па така победникот од првиот меч меѓу Алкалоид и Вардар ќе има еден ден повеќе за одмор пред финалето, а тоа не им се допадна на битолчани кои најавија дека ќе ги известат и меѓународните ракометни институции поради одлуката на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Дуелот меѓу Алкалоид и Вардар се игра в четврток од 19.30 часот, додека еден ден подоцна ќе играат Тиквеш и Пелистер.