Шкендија Арачиново го прескокна Силекс и се оддалечи од опасната зона!
Победата добива дополнителна тежина ако се знае дека со неа Шкендија Арачиново се искачи на петтото место, пред Силекс, и создаде предност од седум бода во однос на зоната на испаѓање.
Гостите го скршија отпорот на Арсими во второто полувреме. Резултатот го отвори Дашмир Елези со вистинска мајсторија. Младиот офанзивец се одлучи за удар од далечина, од околу 25 метри, и испрати проектил во горниот лев агол од голот, оставајќи го противничкиот голман без можност за интервенција. Арсими се обиде да се врати во натпреварот и да избегне пораз пред домашната публика. Домашниот состав создаде неколку опасни ситуации, а во еден момент топката заврши и во пречката, но среќата не беше на негова страна.
Наместо израмнување, следуваше нов удар за домаќините. Шкендија Арачиново доби можност од белата точка, а Бесир Демири беше сигурен реализатор и ја потврди победата на својот тим.
За арачиновци ова е особено значаен резултат пред репрезентативната пауза. По тешкиот период, тимот успеа да освои три бода на гостински терен и да направи важен исчекор на табелата. Арсими, од друга страна, пропушти можност да ја подобри својата позиција и ќе мора да бара излез од кризата во продолжението на првенството.