Хаос во Истанбул: Масовна тепачка во рингот по боксерски меч! (ВИДЕО)

Боксерскиот спектакл во Истанбул се претвори во хаос откако францускиот боксер Мурад Алиев го совлада турскиот борец Умут Чамкиран.

Алиев беше подобар во рингот по 12 рунди, но пред да биде официјално прогласен за победник следеше вистински хаос.

Во рингот влегле членови на тимовите, гледачи и припадници на обезбедувањето, а беше нападнат и победникот.

Причина за овој хаос наводно бил потегот на Алиев, кој во еден момент го покажуваше меѓуножјето и ја провоцираше публиката.