И македонскиот голман дел од тензиите на Местаља: Столе во клинч со Мбапе (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид донесе не само убедлива победа на гостите од 3-0, туку и неколку нервозни моменти на теренот. Во еден од нив, во центарот на вниманието се најдe и македонскиот голман Столе Димитриевски кој имаше судир со Килијан Мбапе.

Димитриевски со неколку одлични интервенции спречи поразот на Валенсија да биде уште поубедлив. Во второто полувреме особено се истакна при обидите на Мбапе и Џуд Белингам.

Сепак, покрај голманските интервенции, вниманието го привлече и нивниот меѓусебен дуел. Димитриевски и Мбапе влегоа во вербална расправија, а камерите ја забележаа напнатата ситуација меѓу двајцата. Димитриевски прво му кажа нешто на францускиот напаѓач, а потоа нервозно го оттурна што предизвика и реакција од соиграчите на Мбапе.