Бразил и Аргентина одиграа футсал меч во УФЦ стил - добро е што никој не загина (ВИДЕО)
На паркетот во арената „Нитерои“ во Бразил, домашната селекција ја совлада Аргентина (5-4) со по изведувањето на казнените удари, откако регуларниот дел од 40 минути заврши со изедначени 1-1. Слична драма се одвиваше и во првото полуфинале, каде Шпанија ја елиминираше Португалија, триумфирајќи со 8-7 на пенали по возбудливото реми од 2-2 во основниот дел од натпреварот. Финалето се игра вечерва.
Главна приказна од Финалисима е полуфиналето помеѓу локалните јужноамерикански ривали, кое беше одиграно буквално на „живот или смрт“ со стотици стартови во УФЦ стил. И двата тима играа на границата на дозволеното за да ги спречат брзите контранапади. Паузите за бришење на паркетот беа чести поради силното темпо и агресивните дуели во одбраната. Имаше многу вербални провокации („trash talk“) меѓу играчите. Аргентинците се обидуваа да го скршат ритамот на Бразил со психолошки притисок, особено по израмнувачкиот гол на Триподи во 34-тата минута. И покрај големиот влог, играчите успеаја да ги задржат нервите во клучните моменти. Судиите веднаш ги санкционираа преострите стартови, со што спречија ескалација и физички пресметки на теренот.