Драма на имотот на Леброн Џејмс: Уапсен маж кој тврдел дека е негов син!

Необична ситуација се случила во Лос Анџелес, на имотот на НБА-ѕвездата Леброн Џејмс, каде што полицијата уапсила маж осомничен за следење и вознемирување.

Инцидентот се случил во петокот вечерта, кога обезбедувањето преку надзорните камери забележало непознат маж на приватниот имот на Џејмс, по што веднаш била повикана полиција.

При разговорот со полицијата, мажот наводно им кажал дека е син на американскиот кошаркар. Неговиот идентитет засега не е објавен и засега не се откриваат повеќе детали.

Џејмс во моментот на драмата не бил во својот дом, туку бил во Кливленд каде што играл натпревар за Филаделфија.

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers