Фред откри детали од соблекувалната: Тен Хаг беше ѓубре, се караше со сите!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Фред, упати остри критики кон својот некогашен тренер Ерик тен Хаг, при што откри дека холандскиот стратег имал сериозни проблеми во односите со играчите во соблекувалната.

Фред кажа дека Тен Хаг постојано влегувал во конфликти со фудбалерите, меѓу кои биле и Кристијано Роналдо, Касемиро и Маркус Рашфод.

„Тен Хаг тактички беше многу добар, но како човек во односите со групата беше вистинско ѓубре. Се караше со сите, со мене, со Кристијано, со Касемиро, со Рашфорд. Не ме пушташе да играм“, открива Фред.

Фото: Facebook/Bayer Leverkusen