Лоши вести од Минхен: Ноер ја заврши годината поради повреда!

Германскиот гигант Баерн Минхен доби лоши вести по победата над Мајнц (2-1), откако медицинските прегледи потврдија дека голманот Мануел Ноер има скината тетива на десното стапало.

Клубот официјално ја потврди повредата, поради која искусниот голман ќе биде надвор од терените во наредниот период. Ноер се повреди на натпреварот против Мајнц и мораше да биде заменет непосредно пред крајот на првото полувреме.

Според информациите на германскиот „Билд“, паузата би можела да трае околу два месеци. Тоа значи дека во најдобро сценарио Нојер би се вратил во јануари, по зимската пауза.