Хаос во Гостивар: Навивачите на Арсими нападнале навивачи и претставници на Шкендија Арачиново!
Ова е втор инцидент во период од само две недели во кој се нападнати луѓе од Шкендија Арачиново. Првиот се случи по натпреварот со Тиквеш на Чаир, кога имаше физички немири. Незадоволството тогаш имаше кај дел од локалните навивачи присутни во Чаир, а тоа, според неофицијални информации, било поврзано со фактот што Шкендија Арачиново своите натпревари ги игра на стадионот во Чаир.
По тој натпревар, во билтенот на Министерството за внатрешни работи беа евидентирани две групи за нарушувања на јавниот ред и мир. Најновиот напад повторно ги отвора прашањата за ескалацијата на нетрпеливоста меѓу дел од навивачките групи.
Два физички напади врз Шкендија Арачиново во рок од две недели се сериозен сигнал дека ситуацијата бара соодветна реакција.