Лекип направи идеален тим на сите времиња во ЛШ - не се најде место за Роналдо

Изборот на идеалниот тим во историјата на Лигата на шампионите секогаш предизвикува дебати, особено кога од него ќе изостане име како Кристијано Роналдо. Токму тоа се случи со селекцијата на францускиот весник Лекип, во која португалската суперѕвезда не најде место, иако зад себе има рекорди што тешко можат да се игнорираат.

На голот се најде Реј Клеменс, легендарниот чувар на мрежата на Ливерпул. Одбраната ја сочинуваат Дани Карвахал, Франц Бекенбауер, Франко Барези и Паоло Малдини.

Во средниот ред се Лука Модриќ и Андрес Иниеста, додека офанзивниот дел е составен од Лионел Меси на левата страна, Џорџ Бест на десното крило, Јохан Кројф како креативец зад напаѓачот и Алфредо ди Стефано во најистурената позиција.

Отсуството на Роналдо е особено впечатливо ако се земе предвид неговото европско наследство. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 141 гол и пет пати го освојуваше најпрестижниот клупски трофеј во Европа. Тој беше еден од главните творци на европската доминација на Реал Мадрид, а претходно се радуваше на титулата и со Манчестер јунајтед.

ИДЕАЛЕН ТИМ НА ЛЕКИП

Голман: Реј Клеменс

Десен бек: Дани Карвахал

Централни дефанзивци: Франц Бекенбауер и Франко Барези

Лев бек: Паоло Малдини

Среден ред: Лука Модриќ и Андрес Иниеста

Лево крило: Лионел Меси

Плејмејкер: Јохан Кројф

Десно крило: Џорџ Бест

Напаѓач: Алфредо ди Стефано