Некогашниот селектор Глигоров го крена пехарот во Купот на Косово!

Македонскиот ракометен тренер Владимир Глигоров го крена трофејот во Купот на Косово, откако неговата екипа Кастриоти славеше против Беса Фамгас со 34-32.

Кастриоти го имаше водството во текот на целиот меч, иако Беса успеа неколку пати да израмни, но не и да направи целосен пресврт.

Најефикасен во победничкито тим беше Дениз Терзичи со 16 погодоци, додека Рон Рамадани постигна седум погодоци.

Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација со ова му го обезбеди шестиот трофеј на Кастриоти во клупската историја, односно прв по 2019 година.