Во Челси се тепаат кој да шутне пенал, во Интер е спротивно, затоа едните се шампиони, а другите - мизерија!

Неодамна тројца фудбалери на Челси се скараа за време на меч кој да шутне пенал, синоќа на мечот меѓу Интер и Торино имаше спротивна слика.

Чалханоглу му понуди на Лаутаро Мартинез да го шутира пеналот против Торино, но Аргентинецот одби и му дозволи на соиграчот да постигне и втор погодок на мечот.

Турскиот фудбалер е изведувач на пеналите, но му понуди на Лаутаро да шутне бидејќи Аргентинецот нема гол од 28. февруари. Подарокот беше одбиен и Чалханоглу постигна гол за 2-0.

Ваквиот гест на турскиот фудбалер зборува за идеалната атмосфера во Интер која е тригер за успесите на тимот.

За разлика од нив себичните фудбалери на Челси се обидоа да му ја земат топката на Кол Палмер додека тој ја местеше да изведе пенал. Палмер се бори за наградата најдобар стрелец и е прв изведувач на пенали во таборот на сините, но двајца негови соиграчи ќе се степаа за да шутнат. Не е чудо што имаат мизерна сезона.