Комити испратија порака: Не сте свесни колку сме бесни!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска го доживеа третиот пораз по ред во Првата лига, и тоа на гостувањето кај Брера во Струмица со 0-2, а тоа ги налути најверните навивачи на тимот.

„Комити“ постојано му даваат поддршка на скопскиот клуб, но и покрај тоа Вардар го чека грчевита битка за опстанок во македонската елита, откако влезе во резултатска криза и им дозволи на ривалите да му избегаат на табелата.

„Не сте свесни колку сме бесни“, беше пораката која ја испратија најверните навивачи на Вардар по поразот во Струмица.

Вардар во моментов е на 10. позиција во Првата лига со 29 бодови, додека зад себе на позициите за испаѓање во понизок ранг ги има Македонија Ѓорче Петров и Брегалница со по 26 бода.