Црвена здезда ја доби драмата против Партизан и поведе во финалето од АБА!

Вечните ривали Црвена звезда и Партизан одиграа исклучително неизвесен натпревар со драматична завршница кој на крајот го добија црвено-белите со 85-82.

На почетокот од финалната серија во АБА лигата Црвена звезда и Партизан покажаа голема борба по која се радуваа навивачите на црвено-белите.

Двата тима имаа свои периоди, се менуваа во водство, но ниту еден од нив не направи двоцифрена предност во текот на мечот. Крајот кој траеше исклучително долго им припадна на Црвена звезда, конечниот резултат беше 85-82.

Најефикасен во составот на Црвена звезда беше Матеус со 18 поени, Митровиќ и Теодосиќ постигнаа по 14. Број еден во тимот на Партизан, а и на натпреварот беше Нанали кој даде 27 поени.

Со оваа победа Црвена звезда поведе со 1-0 во финалната серија од АБА лигата која се игра во три добиени натпревари.