Oхрид и во третото коло од ЕХФ купот ќе игра два натпревари дома
Исто како во претходната рунда против турскиот Спор Тото, „гладијаторите“ и двата натпревари од следната фаза ќе ги одиграат пред својата публика во салата „Билјанини извори“.
Актуелниот освојувач на натпреварувањето потврди дека двата дуела со литванскиот Драгунас Клаипеда во третото коло ќе се играат во Охрид.
Првата пресметка е закажана за 21 ноември, додека реваншот ќе се одигра ден подоцна, на 22 ноември. Двете средби ќе започнат во истиот термин, од 18:00 часот.
Охриѓани влегуваат како фаворити во двомечот и ќе имаат можност пред домашната публика да направат уште еден чекор кон одбраната на европскиот трофеј.