Нејмар се спаси од жестока казна поради „правилото на Винисиус“

Бразилскиот фудбалер Нејмар доби суспензија од два натпревари откако на мечот меѓу Сантос и Баија го прекрши „правилото на Винисиус“, кое им забранува на фудбалерите да ја покријат устата додека разговараат на терен.

Одлуката беше донесена од дисциплинската комисија на бразилскиот фудбалски сојуз, а истата е остра за Бразилецот, кој тврдеше дека се шегувал со неговиот ривал на теренот.

Родриго Нестор, сепак, не сметаше дека е шега тоа што му го кажал Бразилецот и веднаш го пријави кај судијата, а тој без да се двоуми му покажа црвен картон.

Дел од членовите на комисијата предложиле дури четири меча суспензија, но поголем дел од нив гласале за Бразилецот да добие казна од два натпревари.