Мемфис го реши Портланд за „пет од пет“, прва радост и за Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мемфис гризлис продолжија со одличните резултати на стартот на НБА-лигата, откако триумфираа со 124-103 за петта победа во исто толку натпревари.

До нов триумф ги предводеше Камерон Бузер, кој го запиша првиот трипл-дабл во кариерата со 18 поени, 12 скокови и 12 асистенции. Мемфис имаше уште седум кошаркари со двоцифрен учинок, меѓу кои беа и тројца кошаркари од клупата.

Во редовите на Портланд, најдобар на паркетот беше Дени Авди со 24 поени.

Прва победа во сезоната запиша и Њу Орлеанс, кој пред своите навивачи го надигра Сакраменто со 132-120 и така ја прекина црната серија. Најзаслужен за триумфот беше Џеремај Фирс со 22 поени, 13 асистенции и осум скокови.

На третиот меч минатата ноќ, Атланта го совлада Кливленд со 114-111, а Оконгво го заврши мечот со 29 поени и 12 скокови.

Фото: Facebook/Memphis Grizzlies