Почнува продажбата на билети за мечот меѓу Македонија и Словенија!
Натпреварот се игра во рамки на петтото коло од групата Б во Лигата на нации, а цената на влезниците ќе изнесува 500 денари.
„Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk“, информира ФФМ.
Македонија по четири одиграни меча нема освоен бод, додека Словенија е втора во групата со седум поени.
Натпреварот се игра на 16 ноември од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.