Ѓоковиќ мора да направи „чудо“ во Париз за да остане во трка за завршниот мастерс!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е пред сериозен предизвик во обид да обезбеди место на завршниот турнир во Торино, а голем удар беше поразот од Германецот Јан-Ленард Штруф во второто коло на турнирот во Базел.

Ѓоковиќ беше елиминиран во осминафиналето на турнирот во Базел, па сега се најде на 11. место во трката за пласман на завршниот турнир, со 2.890 поени. За да се пласира во Торино ќе мора да стигне до деветтото место, кое во моментов му припаѓа на Рафаел Ходар со 3.209 поени.

Мастерсот во Париз, кој ќе почне на 2 ноември, ќе биде клучен за Ѓоковиќ кој ќе мора да стигне барем до полуфинале за да остане во трка за настап во Торино.

Србинот оваа сезона нема најдобри резултати на теренот, па во моментов пласманот на завршниот турнир делува како тешка мисија.

Фото: facebook/Swiss Indoors Basel