Реал е страв и трепет: Десетта победа по ред за „кралевите“

Реал Мадрид продолжува да доминира! „Кралевите“ го совладаа Фенербахче со убедливи 95-76 во деветтото коло од Евролигата и ја запишаа десеттата последователна победа во сите натпреварувања.

Најзаслужен за новиот триумф на мадриѓаните беше Тео Маледон, кој одигра фантастичен натпревар и заврши со 26 поени. Францускиот кошаркар шутираше 3/4 за три поени и 11/12 од линијата за слободни фрлања. Валтер Тавареш додаде 14 поени, а Факундо Кампацо постигна 10, надополнети со извонредни 10 асистенции.

Домашниот состав беше особено прецизен во шутот за два поени, реализирајќи 20 од 34 обиди, а од линијата за слободни фрлања промаши само еднаш (22/23). На спротивната страна, најрасположен беше Вил Клајбурн со 21 поен, додека Ти-Џеј Хортон-Такер го заврши натпреварот со 16. Скоти Вилбекин и Бони Кеј постигнаа по седум, а исто толку поени запишаа и Шејн Ларкин и Вејд Болдвин.

Фенербахче имаше сериозни проблеми во шутот за три поени, реализирајќи само седум од 33 обиди (21,2 проценти). Реал, пак, погоди 11 тројки од 32 шута и имаше предност и во вкупниот број асистенции – 18 наспроти 15.

Сепак и покрај тоа што се наоѓа во одлична серија, Реал е на шестото место во Евролигата со биланс 6/3, исто колку што има и Фенербахче.

РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда - Баерн 103-73
Макаби - Париз 94-99
Реал - Фенербахче 95-76