Хаос во Грција, тренерот на АЕК - давеше луѓе! (ВИДЕО)

Веќе вообичаени станаа инцидентите во грчкиот фудбал, една епизода од нив се случуваше на дербито меѓу ПАОК и АЕК кое го доби тимот од Солун со 3-2.

АЕК водеше во Солун со 2-1 до 81. минута кога ПАОК со гол на Константелиас изедначи на 2-2, а во 90. погоди и Састре за комплетен пресврт и победа на домаќинот од 3-2.

Во текот на мечот се случуваа инциденти од кои беа дел и навивачите, но вистинската кулиминација следуваше по последниот судиски свиреж.

Тренерот на АЕК, Матиас Алмеида збесна тој степен што фати за гуша член на ПАОК. Настана голем инцидент за кој беше потребно време да се расчисти.