Два гола и асистенција на Аврамовски во триумфот на Болуспор

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски имаше одличен настап за Болуспор во победата од 3-1 против Алтај во 32. коло од турската Прва лига.

Алтај го презема водството во завршницата на првото полувреме, а тоа го налути Болуспор кој постигна три гола во вториот дел. Најпрво Аврамовски погоди за 1-1, а потоа му асистираше на Оуларе за 2-1, по што беше стрелец и на третиот погодок за победничкиот тим.

Аврамовски досега постигна седум голови и една асистенција за Болуспор во турското првенство.

Болуспор се наоѓа на седмата позиција и до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе се бори за позициите кои водат во плејофот за место во турската Суперлига.