Скандал на СП: Словенците биле затруени пред дуелот со домаќинот Египет!
Средбата ја следеа многу контроверзи и тоа не само „домаќинското судење“ какво што традиционално има на вакви големи натпреварувања, туку и своевиден скандал со труење со храна во пресрет на натпреварот. Според информациите, осум словенечки ракометари имале стомачен вирус, повраќале и имале дијареја поради храната која им била послужена во хотелот, нешто за што никој не мисли дека е случајност.
„Има многу работи што сакам да ги кажам, но знам дека не смеам и дека мора да се гризнам за јазик. Дадовме сѐ што имавме. Нѐ уништија сопствените глупости, но и туѓите. Половина тим не излегуваше од тоалет ден пред натпреварот и на самиот дел на средбата. Тројца не можеа да играат, а некој постојано повраќаше. Истото им се случи и на Хрватите. Сето тоа ми е некако чудно, изјави капитенот на Словенија, Јуре Доленец.
Селекторот Љубомир Врањеш ги пофали своите избраници што воопшто собрале сили да го одиграат овој дуел.
„Имавме осум играчи со здравствени проблеми, а дури и во такви услови имавме можност за победа. На целиот турнир имавме еден пораз и не се пласиравме во четвртфиналето, што е трагедија“, изјави Врањеш.
Ракометарот Блаж Јанц во само една реченица најдобро ги оцени работите.
„Секој кој следи ракомет виде што ни се случи. Нема назад“, изјави Јанц.