Штербик не дозволи пораз: Вардар ремизираше со Рајн-Некар

Вардар останува непоразен во Лигата на шампионите сезонава откако ремизираше 21-21 на гостувањето кај Рајн-Некар Левен во рамки на 9.коло.

Првото полувреме го одбележа неефикасниот напад на двете страни, многуте грешки и голманските одбрани. Нерешениот резултат 11-11 го покажува тоа, а ниту Германците, ниту пак нашиот тим немаа поголема предност од два голови разлика.

Ниту во вториот дел не се смени играта и повторно беше неизвесно. Двата тима се менуваа во водството, но Рајн-Некар искористи еден кризен период на Вардар од 50-тата од 55-тата  да се одлепи на +2 и да поведе со 19-21. За среќа Германците не искористија напад за три голови предност, па Жоан Канељас погоди за европскиот првак по повеќе од шест минути без гол.

На 40 секунди до крајот Иван Чупиќ го израмни резултатот на 21-21. Последниот напад го имаше домашниот тим и по една фантастична акција топка доби Гвардиола на линијата од шест метри, но Арпад Штербик одбрани и го спаси Вардар од пораз со својата 13-та интервенија на натпреварот. 

Тимур Дибиров и Даинис Кристопанс со по пет голови беа најефикасни во таборот на Вардар, четири постигна Жоан Канељас. Кај Рајн-Некар, Мадс Менса Ларсен и Александер Петерсон беа најефикасни со по четири голови, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Филип Талески. 

По девет одиграни натпревар Вардар останува единствениот тим во Лигата на шампиони во сите четири групи без пораз, а тоа му го носи првото место во групата А со 16 бодови. Три помалку има Нант на втората позиција, Барселона и Рајн-Некар се на третото и четвртото место со по 12 бодови. 

Во следното коло на втори декември Вардар на домашен терен го пречекува Кристијанштад.