Пелистер од третиот шешир ќе ги чека ривалите за ЛШ

Македонскиот шампион Пелистер доби вајлд-карта за учество во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), а од третиот шешир ќе го чека извлекувањето на групите за елитното натпреварување.

Пелистер се најде во третиот шешир заедно со Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон и Колштад.

Во првиот шешир се Барселона, Магдебург, Висла Плоцк, Алборг, Веспрем и ПСЖ, додека во вториот шешир се Фуксе Берлин, Кјелце, Пик Сегед, Нант и Фредериција.

Извлекувањето за групите во ЛШ е закажано за 27 јуни од 17.30 часот.