Белингам, Гризман и Дембеле меѓу најголемите разочарувања на Европското првенство

Тиражниот италијански весник Газета дело спорт го избра тимот составен од фудбалерите кои најмногу разочараа во групната фаза од Европското првенство во Германија.

Во тимот, меѓу другите, се двајца српски (Влаховиќ и Милинковиќ-Савиќ) и двајца хрватски играчи (Ливаковиќ и Брозовиќ), но има и многу поинтересни имиња. На пример, тука е најдобриот фудбалер на Реал од последната сезона Џуд Белингам, потоа долгогодишниот француски репрезентативец Антоан Гризман, како ни еден од најскапите во историјата на Барселона, Усман Дембеле. Интересно е тоа што Белингам беше автор, односно стрелец на голот при единствената победа на Англија, но и покрај тоа не ги задоволи вкусовите на аналитичарите. 

Покрај спомнатите, во тимот на разочарувањата има уште двајца од шкотската репрезентација и по еден од Италија и Португалија.