Фудбалер на Лил доживеал срцев удар, се наоѓа во кома

Алжирскиот репрезентативец Набил Бенталеб денеска доживеал срцев удар поради што е опериран и во моментов се наоѓа во вештачка кома.

Според извештаите од Франција, тој имал срцев застој, користен е и дефибрилатор, а морало да биде извршена хируршка интервенција за да се спречи најлошто. И покрај тоа, Бенталеб се уште се наоѓа во животна опасност.

„Поддршка за Набил Бенталеб  и неговите сакани. Во клубот сите се шокирани и изненадени што ова излезе во јавноста“, соопшти Лил чиј фудбалер е Алжирецот.

Бенталеб дојде во Лил минатото лето, претходно играше за Анжер, а во кариерата и за Шалке, Њукасл и Тотенхем.