УЕФА повторно ја казни Хрватска

Eвропската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска со 105.000 евра поради однесувањето на навивачите во натпреварот против Италија во третото коло од Европското првенство.

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Хрватска поради фрлање на предмети (45.000), палење пиротехнички материјали (30.000) и непримерно однесување на навивачите (30.000). Казните се за натпреварот кој Хрватска го играше против Италија на 24. јуни.

Претходно Хрватите беа казнети и за однесувањето на навивачите во натпреварот против Шпанија со 87.875 евра, како и по дуелот со Албанија со 28.000 евра.