УЕФА го избрка од ЕП Холанѓанецот кој судеше на натпреварот Хрватска - Италија

Холандскиот судија Дани Мекели повеќе нема да суди на Европското првенство, одлучи Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Во УЕФА донеле ваква одлука по лошото судење на Мекели во натпреварот помеѓу Хрватска и Италија кој заврши без победник 1:1. Холандскиот портал „АД“ објави дека полицискиот инспектор Мекели веќе се врати во Ротердам.

На Европското првенство Мекели го судеше и натпреварот помеѓу Германија и Унгарија, а по натпреварот помеѓу Хрватска и Италија имаше многу приговори на негова сметка. Хрватска на тој натпревар прими гол во 98. минута и така беше елиминирана. За многумина продолжувањето од осум минути кое го даде Мекели беше спорно.

На судењето на Мекели реагираше и Унгарија која исто така не ја помина групната фаза. Нејзиниот селектор Марко Роси имаше што да каже за погодокот на Џамал Мусиала бидејќи сметаше дека асистентот Илкај Гундоган претходно во акцијата направил прекршок.