Хамшик: На македонски навивачи им кажав дека го познавам Пандев и – не ми поверуваа (ВИДЕО)

Поранешниот легендарен словачки фудбалер, Марек Хамшик, кој сега работи како генерален менаџер на националниот тим кој неочекувано се пласира во осминафиналето на ЕП 2024, на домашните новинари кои се во Германија им раскажа необична случка поврзана со група – македонски навивачи.

Тие го замолиле да ги фотографира без да препознаат дека е славниот фудбалер, кој 12 години настапуваше за Наполи. Причина за тоа е што сега го нема препознатливиот знак – мохавк фризурата.

„Има моменти кога луѓето не ме препознаваат без фризурата што ја имав во минатото. Пред некој ден шетав и група македонски навивачи бараа да ги фотографирам. Го направив тоа и потоа им реков дека се знам со нивниот капитен Горан Пандев. Ми рекоа, како е тоа можно, не ми поверуваа, но проверија на Гугл, па ме препознаа. Потоа направивме и заедничка фотографија“, изјави Хамшик.